Европската организација за јавно право со седиште во Атина известува за можноста за доделување 20 целосни и 20 парцијални стипендии за додипломски и последипломски студии на Школата/Универзитетот за европско право и управување при Европската организација за јавно право, за академската 2022/2023 година.
Повеќе информации во врска со универзитетот и студиите се достапни на веб-страницата на Универзитетот.
МОН на својата интернет страница информира и дека Амбасадата на Грузија со седиште во Софија известува за можноста за доделување стипендии за магистерски и докторски студии на Kutaisi International University (KIU) во Грузија.
Студиските програми се на англиски јазик и се од областа на финансии, менаџмент, компјутерски науки, математика, економија и физика. Повеќе информации во врска со универзитетот, студиите и можностите за стипендирање може да се најдат на веб-страницата на Универзитетот.






