среда, 10 декември 2025

Минатата недела најмногу заразени со ковид-19 се тинејџери, а најмалку деца до 9 години

Објавено на

часот

Сподели

Во останатите градови е претежно стабилно, без значајни отскокнувања во епидемиолошката крива. Најчесто се заразувале лица над 60 години и од групата меѓу 40 и 49 години, а најмалку децата под 9 години. Најзабележително намалување на бројот на заразени е забележан кај возрасната група од 20 до 39 години, особено кај оние од 20-29 години.

Најголем пораст на заразените е забележан кај лицата меѓу 10 до 19 години.

Се намалил и бројот на реинфекции за околу 8% во споредба со претхдната недела, додека пак бројот на починати се намалил за над 30%. Шестмина граѓани по вторпат се заразиле со вирусот ковид-19 во минатата недела, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.236 реинфекции (од кои 6 се втори реинфекции), со намалување за 7,8% во однос на претходната недела. Заклучно со 13.02.2022, регистрирани се вкупно 9.078 (3,1%) реинфекции, од кои кај 26 лица тоа биле реинфекции по втор пат, се вели во извештајот.

Пријавени се 124 смртни случаи, и тоа е намалување за нешто повеќе од 32 отсто.

„Пријавени се 124 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 32,6% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (49). Во однос на возраста, најголем број (n=121; 97,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (3)“, се вели во извештајот.

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, вакцинацијата, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

Како такви се предложени затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе, поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт, да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење, службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба, посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пример без публика, другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ