четврток, 11 декември 2025

Комисијата за заразни болести препорачува скратување на изолацијата од десет на седум дена

Објавено на

часот

Сподели

„На денешната седница која беше свикана по барање на министерот за здравство, членовите на Комисијата одговорија позитивно и се состанавме. На тој состанок се разговареше, и секако врз основа на следењето на трендот на одлуки кои се донесени во различни држави, кои се релевантни и се земаат за пример за споредување, и врз основа на нашиот Институт за јавно здравје кој ги добива на дневна база податоците, одлуката на Комисијата е изолацијата од десет дена да се намали на седум дена“, вели министерот Сали. 

Тој напомена дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ