
Иако тој бил повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, Муцунски, како што информира Општината, „од етички и морални причини одби да го именува на таа функција, со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици“.
„За претходниот директор на ООУ ‘Лазо Ангеловски‘ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци. Децата се нашата иднина, а одговорноста е на сите нас да им обезбедиме безгрижно детство и најдобри услови за нивниот правилен раст, развој и квалитетно образование водено и спроведено од професионален и посветен кадар“, соопшти Општина Аеродром.






