четврток, 11 декември 2025

Денеска протест на матичните лекари, нема да прегледуваат и да издаваат упати

Објавено на

часот

Сподели

Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат.

„Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест“, изјави д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ).

Таа вели дека незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период, имало различни мислења како да се искаже и се решиле со протест. За денеска попладне е закажана средба од заменикот-министерот за здравство.

Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на доктори од 1.800 се намалил на 1.436.

Кон протестот се приклучија и здруженија на приватните стоматолози

„Долго време никој не реагира на нашите апели дека примарното здравство не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на горивата и храната“, се вели во повикот на матичните лекари за протест. 

Според нив, потребни се неколку реформи за задоволни доктори и задоволен медицински персонал. „Ако си заминат сестрите од малите места, нема да има тимови – ако нема тимови, нема амбуланти. Тоа е на штета на народот“, велат матичните лекари. 

Докторот Ненад Лазаров им порача на пациентите денеска да ја одложат посетата кај матичен, а можно е и подолго и повика за поддршка од пациентите. 

„Состојбата е нож до коска, не претерувам! Одложете ја секоја неитна посета на вашиот матичен утре, а ако не бидеме послушани и не се изреагира веднаш, и за подолго. Ако не смениме нешто, ќе следи бран затворања ординации ниту една нова и за некоја година ќе нема кој да ве лекува… Нема веќе простор за молк и игнорирање“, порача тој во објава на Фејсбук. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ