вторник, 9 декември 2025

Царовска би сакала наставата да продолжи со физичко присуство

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за образование и наука е во постојана координација со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Тие ја преоценуваат состојбата и на располагање стојат другите сценарија“, рече Царовска.

Според неа, а и повикувајќи се на препораките од  УНИЦЕФ, таа рече дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство.

Царовска рече дека постојат три сценарија за реализација на учебната година, (физичко присуство, делумно физичко присуство и целосна онлајн-настава) и дека првото сценарио, како што нагласи, настава со физичко присуство, е најпосакуваното.

„Во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти од 255 илјади ученици, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03“, рече министерката во заминување, која заедно со вицепремиерот Артан Груби беше во Визбегово за да присуствуваат на почетокот на работите за изградба на училиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ