петок, 12 декември 2025

Бугарија донираше мобилен мамограф во Неготино

Објавено на

часот

Сподели

На примопредавањето на овој апарат чија вредност изнесува 140.000 евра, во здравствената установа во Неготино присуствуваа министерот за здравство Беким Сали заедно со  министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска и бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов.

„Ја приближуваме оваа дијагностичка процедура до жените и во помалите населени места и фокусот го ставаме на превенцијатата, зашто навременото дијагностицирање на канцер на дојка спасува живот. Воедно преземаме активности за намалување на времето на чекање за прегледи и воведување дополнителни термини за мамографија и ехо на дојка. Паралелно, заедно со докторите, здравствените установи и невладиниот сектор и во наредниот период продолжуваме со систематско решавање на пристапот до нова иновативна терапија која може да спаси живот на многу пациентки“, истакна министерот Сали, стои на фб статусот на Министерството за здравство.

Предноста на овој мамограф е што е пренослив и согласно потребите ќе биде ставен на располагање за жените и од други помали населени места, стои во објвата на фб. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ