петок, 12 декември 2025

1.500 нови случаи на заразени со ковид-19, 16 починати

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје бројот на новозаразени е 775, Кавадарци – 74, Битола – 66, Куманово – 60, Тетово – 56, Велес – 49, Гостивар – 45, Прилеп – 44, Охрид – 42, Струмица – 38, Кичево и Неготино – по 32, Гевгелија – 30, Кочани – 28, Радовиш – 22, Штип – 18, Струга – 11, Свети Николе и Дебар – по 10, Крива Паланка и Богданци – по 9, Валандово – 8, Делчево – 6,  Ресен – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Пробиштип , Македонски Брод , Македонска Каменица , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 2, Берово, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции .
Во Скопје бројот на оздравени пациенти е 522, во Охрид – 79, Тетово – 46, Гостивар – 38, Струга – 36, Делчево – 13, Кичево – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија и Кочани – по 8, Велес – 7, Ресен – 6, Радовиш – 5, Неготино, Свети Николе, Дебар , Богданци и Виница – по 4, Прилеп и Македонска Каменица – по 2 и Дојран – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица:  по 2 починати лица од Скопје (75 г. и 87 г.), Куманово (72 г. и 80 г.) и Тетово (80 г. и 89 г.), и по едно починато лице од Гостивар (62 г.), Демир Капија (73 г.), Прилеп (61 г.) и Струга (84 г.). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57 г. до 82 г. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13 јануари – 3 февруари.
 
Од вкупниот број на починати лица (n=16), три лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ