Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 6 до 12 степени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во западните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.






