Во Скопје, променливо облачно попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во источните региони и дневни температури од 11 до 17 степени. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Претпладне ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а попладне ќе го смени правецот во северен.






