Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе достигнат до 34 Целзиусови степени.






