МОН во објавата наведува дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и нагласува дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори ниту да доставуваат жалби пред да добијат решение. Откако ќе добијат решение, за малолетните апликанти жалбата треба да биде поднесена од родител/старател.
„По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. ‘Гоце Делчев’ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11)“, соопшти МОН.
Средношколците кои ќе добијат стипендија, пак, не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори, нивните права и обврски во врска со користењето на стипендијата се наведени во решението.






