петок, 30 јануари 2026

Новинарка од Тетово осудена на глоба од 700 евра за споменување име на судија во новинарски прилог

Новинарката од Тетово, дигиталната креаторка – Лиридона Вејсели Тафили е осудена во Основен суд Гостивар да исплати парична казна во вредност од 700 евра (43.000 денари), зашто во свој новинарски прилог на социјалната мрежа Тик-ток, изнела лични податоци на судија од Основен суд Тетово, кој донел пресуда во случај за кој таа известувала.

Објавено на

часот

Сподели

„Осудена сум од Основниот суд во Гостивар, со 700 евра, за изнесување лични податоци, затоа што при ивестувањето за една тема што ја обработував, го спомнав името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово. Во темата за која известував, станува збор за случај во кој возрасно лице уценувало малолетник , му испраќал порнографски материјали и му се заканувал. Судијата Наиф Илјази му изрече казна од 3 месеци ефективен затвор“, вели Лиридона Вејсели Тафили за случајот за кој е осудена.

Основниот суд во Гостивар, односно судијката Магдалена Мишоска постапила во случајот на Вејсели Тафили по предлог за издавање казнен налог на ОЈО Тетово за кривично дело – „злоупотреба на лични податоци“ од чл. 149, ст.1. од Кривичниот законик.

„На ден 28.10.2024 година, oколу 9 часот во Тетово, обвинетата спротивно на условите утврдени со закон, без согласност на оштетениот Назиф Илијази, вработен како судија во Основен суд Тетово, користела негови лични податоци, на начин што на социјалните мрежи Инстаграм и Тик-ток, од нејзиниот личен профил на Тик-ток, насловен како ‘liridonavejseli’ и од нејиниот личен профил на Истаграм, насловен како Liridona Vejseli објавила видеа во кои ги злоупотребила  личните податоци на оштетениот судија, неговото име и презиме, со што му наштетила на неговата чест и углед, на неговата професионална  дејност, која ја ивршува како судија во Основен суд Тетово, повеќе од 37 години“, се наведува во образложението на пресудата против Лиридона Вејсели Тафили.

На ваквата изречена казна, на социјалните мрежи реагираше поранешниот министер за правда, Кренар Лога.

„Изречената казна што треба да ја плати Лиридона Вејсели претставува болшевички стандард во однос на транспарентноста и информирањето на јавноста. Ниту еден закон во светот не ја цензурира вистината и никој нема причина да се чувствува повреден доколку пресудата што самиот ја донел го компромитира и го посрамотува.

Слободата што се обидуваа да ја наметнува ‘Pa Cenzurë’ (Без цензура) е токму слободата што е загарантирана со Уставот на државата и со сите позитивно-правни норми. Фактот што одредени поединци, со црната судиска тога, злоупотребуваат службена положба преку изрекување парични казни кон новинари, со цел нивно дисциплинирање и заплашување, не прави ништо друго освен што го деградира системот и ја поткопува довербата на јавноста во него“, реагира Кренар Лога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ