понеделник, 22 декември 2025

Нов состав на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност

Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност има нов состав, соопшти Министерството за образование и наука.

Објавено на

часот

Сподели

Новите 15 члена на Националниот совет се: проф. д-р Димитар Трајанов, проф. д-р Соња Лепиткова, проф. д-р Билјана Трајковска, проф. д-р Гордана Лажетиќ, проф. д-р Дренуша Палоши, проф. д-р Кристина Скепаровска, Стефан Момир, проф. д-р Валентин Мирчевски, проф. д-р Наталија Атанасова Панчевска, Никица Мојсоска -Блажевски, проф. д-р Ана Тромбева, доц. д-р Марко Спасов, доц. д-р Мурат Алиу, проф. д-р Бертон Сулејмани и проф. д-р Агим Хазири.

По истекот на мандатот на претходниот состав, избраниот нов состав во следните четири години ќе работи на унапредување на квалитетот на високото образование, интензивирање на научно-истражувачка дејност и поттикнување на меѓународната соработка „како алатка за идентификување и прифаќање на добрите практики со цел приближување на македонскиот до европскиот систем за високо образование“.

„Министерката за образование и наука Весна Јаневска која, согласно закон, ја организира конститутивната седница, ги поздрави новите членови, им посака успешна работа и им се заблагодари на досегашните членови. Таа нагласи дека во наредниот период пред Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност претстојат повеќе значајни активности, меѓу кои и усвојување на новата формула за финансирање на високото образование, како и новите закони за високо образование и за научно-истражувачка дејност“, информира МОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ