Оваа година натпреварот се организира само за учениците од основните училишта во општина Карпош.
На натпреварот можат да учествуваат само ученици од 5, 6, 7 и 8 одделение кои учат во основните училишта во општина Карпош. Натпреварот ќе се реализира во две посебни групи: 5-6 одделение и 7-8 одделение.
Учениците за 60 минути ќе треба да решат тест со 25 прашања. Натпреварот ќе се одржи на 26 април во 11 часот во ПСУ „Јахја Кемал“ – основно училиште-Карпош.
Краен рок за аплицирање е 24 април.