петок, 2 јануари 2026
Локални избори 2025

Николоски: Автопатот Прилеп-Битола многу ќе значи за Могила

Можам да најавам дека веќе во текот на овој месец, доколку временските услови не послужат, започнуваме со целосна реконструкција на улица АСНОМ, инвестиција вредна 170 илјади евра, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од денешниот народен митинг во Могила.

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека веќе се работи на водоснабдување на неколку населени места како Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Попадинци и други коишто се приклучуваат на регионалниот водовод во Битола, која е инвестиција вредна 18 милиони денари.

Во однос на патната инфраструктура, Николоски ги наброја проекти вредни неколку милиони денари за кои веќе се потпишани договори со изведувачи на улици кои треба да се градат и реконструираат, каде што е предвидено изградба и на атмосферска канализација.

„Потпишани се веќе договори со изведувачи на улици коишто треба да се градат, како ул. ‘Пелагонија’ во вредност од 12,3 милиони евра, којашто оди заедно со атмосферска канализација. Договор со изведувач е потпишан за реконструкција на улицата ‘Гоце Делчев’ и изградба на атмосферска канализација, во вредност од 8,1 милион денари. И исто во тек е рехабилитација на дел од патот Долно Српци до село Беранци во вредност од 5,4 милиони денари“, рече Николоски.

Тој посочи дека и во следниот период Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да дава поддршка и за бројни други проекти кои ќе се работат во општина Могила и во другите населени места.

„Тоа се доказ дека сакаме да инвестираме, дека сакаме да работиме. А, доказ дека знаеме да завршуваме проекти се и завршените улици во цело Трновци, завршената реконструкција на улица Шемница и бројни други проекти кои заедно со градоначалникот ги работевме и ќе ги работиме. А тука е најкрупниот проект, изградбата на автопатот од Прилеп до Битола, најголема поединечна инвестиција во моментов во државата, 40 километри автопат, којшто многу ќе значи за општина Могила, затоа што ќе се зголеми протокот на возила, ќе се подобрат условите за бизнис. Сите оние коишто имаат имот покрај автопатот ќе добијат поголема вредност на имотот, а ќе се зголеми и протокот на туристи коишто ќе поминуваат оттука“, истакна Николоски.

Тој ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да гласаат за број 9 и за ВМРО-ДПМНЕ „затоа што така се прави вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место и за твојата иднина, со што ќе продолжи развојот на Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ