Андоновски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“, оцени дека АИ во јавниот сектор се уште се користи спорадично.
„Кон крајот на есента ќе почнеме со работа со наставниците, а во почетокот на јануари и со школите, најпрво во руралните средини. Паралелно, што се однесува на АИ, ја носиме националната стратегија на ИКТ. До крајот на есента мислам дека ќе помине на Влада. Еден од клучните столбови е АИ што значи дека ќе имаме специјален акциски план и рамка за нејзино прифаќање прво во јавниот сектор, а потоа и во приватниот“, истакна Андоновски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“.
Според Државниот завод за ревизија, напомена министерот, имало десетина проекти со употреба на АИ во јавниот сектор.
„Тоа не е нешто што е систематски. Јас лично повеќе претпочитам вистински да се користат алатките на машинско учење и АИ во работата, отколку од тоа да се прави само ПР“, подвлече Андоновски.
Првата пилот фаза на проектот „Школи на 21 век“ покажала дека наставниците биле многу задоволни од функционирањето, а пристапот бил приемчив и за учениците, покажал проектот за сајбер безбедност кај младите и подигнување на свесноста за ризиците на интернет.
„Мислам дека се подготвени и наставниците и учениците полека, алатка по алтка да стигнат до целосна употреба на АИ, но одиме чекор по чекор“, рече министерот Андоновски.






