понеделник, 15 декември 2025

Намален е бројот на студенти сместени во домовите оваа година

Бројот на ученици и студенти сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во учебната 2024/2025 година е 4.889, што претставува намалување за 15 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Во 2024/2025 година имало вкупно 10 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта.

Сместени биле 52 ученици од основно училиште, 1.693 ученици од средно училиште, 35 ученици од православно верско училиште, 94 ученици од исламско верско училиште и 3.144 студенти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ