петок, 5 декември 2025

Најтранспарентни универзитети се ЈИЕ, УКИМ и „Гоце Делчев“

Повеќето универзитети во Македонија не ги објавуваат ниту документите што се законски обврзани да ги објават, особено оние што се поврзани со финансиите и трошењето на јавните пари. Ниту еден универзитет нема постигнато целосна транспарентност. Ова е дел од заклучоците во Индексот на транспарентност на јавните универзитети во Македонија, изработен од јануари до август 2025 од Форумот за образовни промени.

Објавено на

часот

Сподели

Според ова итражување најтранспарентниот универзитет во државата е универзитетот на Југоисточна Европа – 19,3 поени од максималните 21. Второто место, со речиси идентични резултати и висок степен на транспарентност, го делат универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје – 18,1 поен и универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип – 18,1 поен.

По нив следи универзитетот „Св. Апостол Павле“ – Охрид – 15,3 поени, кој влегува во категоријата на средна транспарентност.

Со низок степен на транспарентност, се оценети универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола – 14,3 поени и универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје – 11,1 поен.

Најмалку транспарентен останува Универзитетот во Тетово – 9,1 поен, кој речиси воопшто не објавува финансиски информации ниту други задолжителни документи.

Индексот ја мери формалната транспарентност на универзитетите преку објавување документи на нивните веб-страници и преку пристап до информации по службени барања. ФОП препорачува зголемување на финансиската транспарентност, редовно објавување документи и континуирано ажурирање на веб-страниците во формати достапни за јавноста.

Овие институции се оценувани од 0 до 21 поен: 0–10 поени означуваат нетранспарентност, 11–14 поени низок/делумен степен на транспарентност, 15–19 поени средна транспарентност и 20–21 поен целосна транспарентност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ