Според него, бидејќи е раширен на поголема територија, претставува опасност да ги зафати и околните шуми.
„Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадери го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот предмалку слета во Скопје“, рече Ангелов.
Информира дека предмалку избил нов пожар на територија на Крива Паланка во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.
Во меѓувреме, два противпожарни авиони од типот канадер CL-415, испрати Грција за гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ што е во близина на самата граница, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16:53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун за да помогнат во справувањето со огнената стихија.
Додадоа дека испраќањето воздушни средства, односно двата канадери е „преку Европскиот механизам за цивилна заштита (UCPM), кој беше активиран по барање од Република Северна Македонија.
Во средата, по билатерално барање од Центарот за управување со кризи до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, исто така за пожарот кај Дојран, грчката Влада веднаш позитивно одговори на барањето за помош и испрати два канадери и две противпожарни возила со осум пожарникари.






