недела, 25 мај 2025

Националната агенција за европски образовни програми со иновативен пристап кон младите

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ) денеска организираше еко-смарт настан во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, како дел од новата кампања „Направи чекор“ чија цел е одржливо делување и иновативен пристап кон младите.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај едукативниот карактер, настанот вклучи донација на смарт (паметна) клупа и еко-акција за садење дрвја, реализирана во соработка со студентите и раководството на Студентскиот дом, во присуствуво на директорот на Националната агенција, Петар Богојески.

Како што соопшти Агенцијата, смарт-клупата функционира на база на соларно полнење и обезбедува бесплатен интернет и полнење мобилни уреди, а новозасадените дрвца симболично го претставуваат вложувањето во одржлива и зелена иднина. Садниците се обезбедени од ЈП Национални шуми.

„Преку ваквите активности, Националната агенција демонстрира нов пристап на отвореност, достапност и блискост со младите, како и поинаква, непосредна комуникација. Со секоја нова иницијатива, Агенцијата ја засилува својата заложба да ги надмине бариерите меѓу институциите и младите. Преку кампањата „Направи чекор“, НАЕОПМ се позиционира како отворена институција – сè појасно препознатлива, не само како повик, туку и како конкретен патоказ: да се отворат вратите кон европските програми, да се охрабрат младите да станат активни корисници и да го трасираат сопствениот пат кон образование, вмрежување и успех“, соопшти НАЕОПМ .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ