понеделник, 16 февруари 2026

На Валентајн, A1 Македонија и 6 скопски кафулиња ја отворија темата за сејф дејтинг

Одбележувањето на Валентајн минатиот викенд беше причина А1 да потсети дека, во време кога запознавањата се почесто започнуваат онлајн, безбедноста треба да биде неизоставен дел од секоја љубовна приказна. По тој повод, компанијата реализираше посебна активација посветена на safe dating, во соработка со шест еминентни скопски кафулиња, Че, Синдикат, Улица 22, The Dude, Chillin’ и Bar 90 кои доброволно се приклучија на иницијативата.

Објавено на

часот

Сподели

Иницијативата имаше за цел да ја подигне свеста за одговорно и безбедно запознавање во дигиталната ера, особено во период кога Валентајн носи зголемена динамика на нови контакти и комуникација.

„Нашиот пристап во А1 е да создадеме вредност за луѓето, не само преку технологија, туку и преку поддршка на нивните секојдневни избори. Safe dating е повеќе од практичен совет, тоа е промовирање на свесна, одговорна и безбедна култура на запознавања, каде довербата и почитта се темел на односите меѓу луѓето. Особено ја цениме поддршката на локалните партнери кои се приклучија на оваа иницијатива, бидејќи токму нивното учество ја потенцира важноста на темата и ја прави поцелосна,“ изјави Бранкица Толевска, раководител на оддел за корпоративна стратегија, трансформација и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Во сите овие локали беа поставени стикери со QR код кој води кон a1.mk, каде посетителите можеа да пронајдат практични совети за безбедно онлајн запознавање, препознавање „црвени знамиња“ и заштита на личните податоци. Активноста предизвика интерес кај посетители од различни возрасти, проследена со позитивни реакции.

Со оваа активација, А1 ја потврдува својата посветеност кон дигиталната безбедност и едукацијата на корисниците, промовирајќи култура на паметно, одговорно и безбедно користење на онлајн платформите. Активноста е дел од платформата „Подобар Онлајн“, посветена на подигање на свеста и обезбедување практични насоки за безбедно однесување во дигиталниот свет.

Koмерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ