Ректорот на УГД-Штип, Мираковски вели дека идејата е да се создаде мост со цел студентите да ги развијат своите идеи, да придонесат вработувања и да направат бизниси.
„Овој Иновациски центар ќе овозможи реалниот сектор, стопанството, локалната самоуправа, компаниите од овој регион, заедно со УГД да направат мост, за да можат нашите студенти, професори да ги развијат своите идеи до степен на комерцелизација, да допринесат за реално вработување на идните генерации, да допринесат за реално вработување на идните генерации, да допринесат реално за развој на стопнаството во овој регион и реално имаме подобри шанси за успех и од аспект на економијата и од аспект на квалитетот на животот во овој регион. Нашите студенти би можеле тука да прават бизниси, кои што се компетитвни каде било во светот“, изјави Мираковски.
Азески нагласи дека со ова решение ќе може да се излезе надвор од рамките на државата со помош и поддршката на Комората.
„Она што Стопанската комора ќе го направи за Општината и за нејзиниот развој и за Универзитетот е практично тоа што ние ќе излеземе надвор од рамките на државата и со поддршката на коморскиот инвестициски форум“, вели Азески.
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов додаде дека оваа иницијатива ќе создаде нови можности за младите. Според него преку овој центар младите ќе се стекнат со многу знаења и вештини, кои исто така ќе придонесат за поголема продуктивност и можност за искористување на европските фондови.
„Мене ми е драго што секогаш кога се гласно комуницира и се споделува и се пренесува знаење, се пренесуваат и се создаваат резултати. Верувам во оваа иницијатива ќе произлезе можност за подобрување на состојбите на пазарот, отворање на нови бизнис идеи, на нови работни места, овозможување на младите да се стекнат со вештини и знаења, кои ќе придонесат за поголема продуктивност. Но, исто така и за поголема можност за искористување на националните европските фондови. Сето она кое што е основата за создавање на еден регионален развој, кој што ни е неопходен во ова време во кое што се среќаваме“, рече Јорданов
Настанот се оддржа во ректорaтот при УГД Штип, а присуствуваа претставниците на универзитетот, локалната самоуправа и претставници на бизнис секторот во општината.






