недела, 14 декември 2025

На ГП Табановце се чека 20 минути

На граничниот премин Табановце времето на чекање е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ