недела, 14 декември 2025

На ГП Блаце се пренасочува сообраќајот за тешки товарни возила

Утрово, од 6:49 часот сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце се пренасочува преку бензинската пумпа Дизел.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти АМСМ, поради зголемена фреквенција на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ