Средствата се исплатени според мерката 1.8 – директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постојни лозови насади.
„Се потврдува посветеноста и приоритетите на институциите во развојот на оваа земјоделска гранка. Продолжуваме со реализација на мерки и политики насочени кон одржливост и унапредување на земјоделското производство“, се вели во соопштението на МЗШВ.






