„По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури: престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот ; внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци; носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи…“, се вели во препораките на Министерството за здравство.
Освен тоа, се препорачува и избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.
„Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури. Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош. Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот. Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот. Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите“, се вели во соопштението на МЗ.






