четврток, 11 декември 2025

Муцунски: Темата за мигрантите е класичен дневнополитички обид за дефокус

Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – во каква било форма, напиша на својот фејсбук-профил Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Постот на Муцунски го пренесуваме во целост:
„Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат конкретни придобивки за секое семејство, за секоја општина и за државата како целина.
И сакам да бидам кристално јасен: оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – во каква било форма.
Нема договори, нема преговори, нема квоти, нема центри, нема транзитни аранжмани. Таква иницијатива ниту е разгледувана, ниту постои политичка намера во таа насока. Сето тоа е апсолутна невистина.
Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство се темели на меѓусебно почитување и доверба, како и на соработка во политиката, економијата и безбедноста. Тоа значи реални иницијативи и проекти што го забрзуваат економскиот развој, отвораат работни места и носат опипливи придобивки за граѓаните – а не сценарија измислени за дневнополитички потреби.
Темата за наводно прифаќање мигранти претставува класичен дневнополитички обид за дефокус – последица на драматично нискиот рејтинг и безидејноста во која СДСМ е заглавен подолг период. Крајно неодговорно е да се одржуваат прес-конференции врз основа на сензационалистички, непроверени и неточни информации, со што намерно се создава лажна перцепција во јавноста и, заради партиски интерес, се злоупотребуваат чувствителни теми“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ