Како што објави Муцунски на својата фејсбук страница, фокусот на средбата бил ставен на потенцијалите на економската соработка, како и на соработката во областа на инвестициите, зголемувањето на трговската размена, потенцијалот за соработка во делот на инфраструктурните проекти, како и на подобрување и модернизација на здравствените капацитети.

– Во таа насока, ја потврдивме важноста на заедничкиот раст и просперитет за развојот на нашите односи и ја реафирмиравме заложбата за соработка во насока на постигнување на тие цели. На средбата ја нагласив и посветеноста на Владата, преку реални политики, да работи на привлекување на нови странски инвестиции, напиша Муцунски.
Муцунски наведува и оти се согласиле во идниот период заеднички да работат на унапредување на севкупните трговски односи, што претставува составен дел од Декларацијата за стратешко партнерство помеѓу двете земји.






