Рокот за аплицирање за наредната учебна година е до 15 ноември. Секој викенд од 15 ноември има информативни сесии за сите прашања.
Какво образование нуди UWC?
UWC нуди двегодишно образование за ученици од целиот свет, кои живеат, учат и растат заедно на еден од 18-те кампуси низ светот.

Колку чини образованието на UWC?
За образование на UWC се достапни целосни стипендии, врз основа на потребите на семејствата на избраните кандидати.
Што се учи на UWC?
На секој од 18-те колеџи се учи двегодишната Меѓународна матура (на англиски, International Baccalaureate). Оваа диплома е меѓународно призната и е достапна и во македонски средни училишта (како на пример во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“). Наставната програма се состои од шест групи на предмети од кои учениците избираат по еден: мајчин јазик, втор јазик, општествена наука, природна наука, математика и уметност.
Минатата година од Македонија беа испратени 11 ученици, а годината пред неа 12.

Кој може да се аплицира за UWC?
Секој средношколец во втора или трета година може да аплицира. Апликацијата се состои од седум кратки прашања и два есеи. Рокот за аплицирање е 15 ноември.
По оценување на апликацијата, со успешните кандидати се прават дополнителни интервјуа во живо (во текот на првата недела на јануари) и онлајн (на почетокот на февруари).
Секоја недела се одржуваат информативни сесии на Зум (лозинка: 2022) до рокот за аплицирање. Сите заинтересирани, средношколци, професори, родители… се добредојдени на инфо сесиите.
Заинтересираните кандидати може да најдат совети за аплицирање на веб страницата на UWC.






