сабота, 14 февруари 2026

Можни инвестиции на холандски компании во здравството, средба Мицкоски – Схоф

Денеска во Минхен остварив продуктивна средба со холандскиот премиер, Дик Схоф. Холандија не е само наш искрен пријател, туку и еден од нашите најзначајни економски партнери, напиша на својот фејсбук-профил македонскиот премиер Христијан Мицкоски кој присуствува на безбедносната конфенеција во Минхен.

Објавено на

часот

Сподели

„Добивме јасна потврда дека Македонија има силен сојузник во Холандија за нашиот евроинтегративен пат, базиран на реални резултати и реформи. Разговаравме за холандските инвестиции кои веќе се присутни со свои производствени капацитети во Македонија, исто така и за можноста за поголема соработка и инвестиции на холандски компании во сферата на здравството.

​Продолжуваме да ја градиме Македонија како атрактивна дестинација за европскиот капитал. Секоја нова инвестиција значи нови работни места и подобар стандард за нашите граѓани“, објави Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ