сабота, 10 мај 2025

МОН објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за основци

Министерството за образование и наука (МОН) објави повик за доделување парични награди за освоено прво место на државен натпревар за ученици во основното образование и наставниците што ги подготвиле за натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

„Натпреварот треба да биде организиран од акредитирано здружение на наставници. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот“, се наведува во повикот на МОН.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави електронска пријава на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk со која во прилог доставува и документи кои се наведени во објавениот повик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ