„Министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната средба со Михајлов ѝ посака успех во спроведување на програмските определби, посочувајќи дека активностите на Националната агенција се исклучително важен дел од напорите на државата за интегрирање на македонскиот образовен систем во европскиот образовен простор“, стои во соопштението.
Михајлов, се додава во соопштението, изразила уверување дека институцијата ќе продолжи доследно да ги почитува европските начела за работа при спроведување на програмите за образование и мобилност и придобивките од истите да ги доближува до што повеќе ученици, наставници, граѓански здруженија и други чинители на образовниот систем.
„Како национален авторитет, Министерството за образование и наука продолжува да ја следи работата на Агенцијата и преку редовна комуникација со образовните и научните институции и тела во рамки на Европската комисија да гарантира правилно и оптимално работење, како и континуирана надградба на капацитетите на институцијата“, се наведува во соопштението на МОН.






