недела, 6 јули 2025

МОН ја зголемува бројката за упис на ученици во средните стручни училишта, предвидени се 269 дуални паралелки

Инвестирањето во дуалното образование дава резултати. МОН ја зголемува бројката за упис на ученици во средните стручни училишта, порачуваат д Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки.

За таа цел Владата и Министерството за образование и наука ја зголемија бројката на стипендии за дуално образование на 1570, а се зголеми и бројката на компании кои покрај теоретската настава во училиштето, на средношколците запишани во дуалните паралелки ќе им овозможат и практична настава во 550 компании“, се вели во владиното соопштение.

Тоа значи дека учениците додека се школуваат, ќе стекнат и практична вештина, ќе се квалификуваат за пазарот на труд и ќе добијат можност за вработување веднаш по завршување на образованието.

„Обезбедени се 50 милиони денари, односно месечна стипендија од 3.500 денари за 9 месеци во годината, ќе добијат учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки и ќе ги исполнат условите од конкурсот кој ќе биде објавен за доделување на стипендиите.

Нашата заложба како Влада е да го реформираме и подобриме образовниот систем и да создадеме млади кои наместо да се иселуваат, ќе можат да ја градат својата иднина во Македонија“, наведуваат од Владата.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ