Министерството информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „мои апликации“ во колоната „документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори и жалби пред да добијат решение.
„По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11). За малолетните апликанти жалбите треба да бидат поднесени од родител/старател“, се наведува во објавата на МОН.
За оние што се добитници на стипендија, МОН посочува дека не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори и оти сите права и обврски за користењето на стипендијата се наведени во решението.






