сабота, 20 декември 2025

МОН: Бесплатни патувачки пропусници низ Европа за млади од 18 години, понуда од ЕК и за младите од Македонија

Министерството за образование и наука информира за иницијативата на Европската комисија која нуди речиси 36.000 бесплатни патувачки пропусници низ Европа за млади од 18 години.

Објавено на

часот

Сподели

„Преку програмата Дискавер ЕУ2025 (DiscoverEU 2025), Европската комисија им овозможува на избраните апликанти да патуваат со воз најмногу до 30 дена во периодот од 1 јули 2025 до 30 септември 2026 година, со цел културно истражување и едукативни доживувања низ Европа“, објави МОН.

Право на аплицирање имаат лица родени помеѓу 1 јули 2006 и 30 јуни 2007 година, кои се жители на земји членки на ЕУ или на земји поврзани со програмата Еразмус+ (Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција).

Крајниот рок за пријавување е среда, 16 април 2025 до 12 часот, преку Европскиот младински портал (https://youth.europa.eu/home_en). Пријавата вклучува проверка на исполнување на условите и краток квиз за ЕУ, по што следува електронска апликација.

„Пропусниците ќе бидат доделени врз основа на ранг-листа, сè додека не се потрошат сите. Учесниците можат сами да го осмислат своето патување, или да изберат една од предложените тематски маршрути инспирирани од приоритетите на ЕУ, како што се Зелената рута (која вклучува наградени зелени градови и природни паркови) и рутите на Новиот европски Баухаус (фокусирани на иновации, одржливост и урбан дизајн). Дополнително, добитниците ќе добијат попуст-картичка што важи во 36 земји и нуди попусти за превоз, сместување, културни локации, храна, спорт и други активности“, се набедува во известувањето.

Програмата нуди специјална поддршка за млади со попреченост, здравствени состојби или ограничени можности, како и дополнителна логистичка помош за апликанти од рурални, островски или оддалечени региони.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ