„Иако за дел од јавноста случајот можеби е веќе заборавен, за мене тој претставува суштинско прашање поврзано со правдата и слободата на говор. Во периодот кога СДСМ јавно се повикуваше на слободата на изразување, во практика се обидуваше да ја ограничи преку правни конструкции и судски тужби.
Наместо аргументи беа користени конструкции, наместо одговори – тужби, а наместо отчетност – обиди за замолчување. Ваквиот притап е е напуштен ниту денес“, реагираше Митева.
Според неа, во периодот кога била во опозиција секогаш внимавала на тоа што го зборува, зошто го зборува и со каква цел, истакнувајќи дека нејзиниот јавен настап бил заснован на факти и внимателно одмерени аргументи. Одлуката на Апелацискиот суд, вели таа, е потсетник дека правдата во Македонија често доаѓа бавно, но дека правото не смее да се користи како средство за притисок, туку како заштита на основните слободи.
„Борбата за слободен и одговорен јавен говор не смее да престане“, порача Митева.






