„Над 32% издвојуваме директно за модернизација. Тоа значи нови проекти, оние обврски кои ги имаме од минатото да се исплатат, но и да започнеме од оваа година, веќе започнуваме со доста земји да преговараме. Набргу нè очекуваат и многу нови договори, што Министерството треба да ги направи за наредни 10 години. Ова е обврска која ја преземавме согласно членството во НАТО, нашите цели на способност, но и во наредниот период како да се домодернизираме со новите цели“, изјави Мисајловски за МРТ.
Тој потсети дека последната одлука од Хаг е буџетот да расте 3,5% за одбраната и оцени дека тоа се сериозни средства.






