Министерот за јавна администрација, Горан Минчев истакна дека реформата на јавната администрација е јасна и цврста политичка заложба на Владата, насочена кон конкретни резултати во интерес на граѓаните и европската иднина на државата. Новата ИТ-алатка, како што нагласи тој, претставува системска промена во начинот на планирање, спроведување и следење на јавните политики.
Ова, кажа тој, не е реформа на јавната администрација, туку и реформа на начинот на владеење и наша визија за држава која не се крие, туку одговара и испорачува.
„Оваа алатка овозможува прецизно следење на реформските активности, јасна распределба на институционалните одговорности, мерење на резултатите во реално време и носење политики засновани на податоци, а не на претпоставки. Транспаретноста, одговорноста и етичноста во работењето на јавните институции претстануваат да бидат неквалитетна вредност и стануваат практична реалност. Напредокот ќе биде и за носителите на одлуките, а исто така и за јавноста“, рече Минчев.
Цврсто сме решени, кажа министерот, да ја реформираме јавната администрација и да изградиме институции во кои граѓаните ќе имаат доверба.
Минчев потенцираше дека преку оваа платформа во реално време ќе можат да се следат достигнувањата во реформите од страна на институциите.
„На тој начин се создава условот за континуирана евалуација, навремено идентификување на предизвиците и донесување на одлуки засновани на релеватни и проверени податоци“, рече Минчев.
Според него, преку воспоставувањето на ваквиот систем, се зајакнува транспаретноста и отчетноста на институциите.
„Со ова решение се враќа контролата таму каде што припаѓа и ставаме крај на политиките без резултати и ветувања без отчет. Секој ќе може да види до каде е реализацијата. Ова е нашиот начин за борба против неефикасноста, нетранспаретноста и корупцијата. Ова е нашата заложба за ефикасни институции, континуирани процеси и силна култура на отчетност за поефикасна, потранспретна и поодговорна јавна администрација“, рече Минчев.

На настанот претставници на јавните институции, приватниот сектор, академската заедница и организации од граѓанското општество беа информирани за употребата на надградената алатка, значење и придобивки, со повик да се вклучат во активна соработка и имплементација. Според министерот, ИТ-алатката овозможува и подобрена меѓуинституционална координација. Минчев потенцира дека ова е усогласено со европските принципи за добро управување и дигитална трансформација и отвореност.
„Алатката создава услови за следење на реформите во согласнот со меѓународните стандарди, обезбедува институционална меморија и поддржува долгорочна одржливост на процест независно од политичките или кадровските промени“, рече Минчев.
Настанот го проследи и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, а свое обраќање имаше и директорката на Регионалното училиште за јавна администрација (РЕСПА), Маја Ханџиска Трендафилова, која ја истакна важноста на регионалната соработка и примената на европските добри практики во процесот на реформа на јавната администрација. Беше организирана и панел-дискусија посветена на зголемување на транспарентноста преку иновации и дигитализација, со учество на претставници од академската заедница, извршната власт и независните институции.






