недела, 10 август 2025

Мицкоски: Владата нема да влезе лековерно во процес на уставни измени на барање од Софија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со уставните измени изјави дека оваа Влада нема да влегува во ниту еден процес, без претходна јасна стратегија и јасен договор. Тој на прес-конференција во одговор на новинарско прашање дали Софија би излегла со нови барања откако беше објавен податок дека на над 216.000 лица македонски државјани им е издаден бугарски пасош, рече дека целта на Софија е со внесување на неколку стотини лица дел од бугарската заедница во Уставот, да се повика токму на таа бројка.

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на официјална Софија е со внесување во Уставот на неколку стотини македонски граѓани, коишто се дел од бугарската заедница, да се повикува на таа бројка, и да вели дека пописните податоци не се точни и дека присуството на бугарското малцинство во Македонија е повеќе од 10 проценти. И ќе бара соодветна застапеност“, изјави премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, претходната влада нè довела до ваква ситуација, на којашто тие предупредувале дека токму тоа ќе се случува.

„За жал, тоа не успеаја да го видат оние од претходната влада и нè доведоа во ваква ситуација, иако и тогаш ги предупредувавме дека ова е крајната цел. Додека Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, распродаваа и лековерно велеа дека ете го решиле проблемот, во суштина не успеале да ја видат вистинската стратегија. Но, за среќа на македонските граѓани, ние сме сега Влада, и така лековерно нема да влеземе во ниту еден процес, без претходно јасна стратегија и јасен договор“, рече Мицкоски.

На крајот на овој месец, бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов соопшти податок дека од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, на вкупно 216.594 лица со македонско државјанство им е издаден бугарски пасош“, пренесоа бугарски медиуми.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ