недела, 14 декември 2025

Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен

По повод 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, премиерот Христијан Мицкоски објави порака дека „Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело“.

Објавено на

часот

Сподели

„Почит и слава за хероите од Љуботен. Само со вистина, почит и искрена желба за помирување можеме да изградиме општество каде вакви трагедии нема да се повторат. Нека е вечна нивната жртва за татковината. Македонија се потпира на влогот на овие луѓе и нивното дело“, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија животот кај месноста Љуботенски бачила во одбрана на својата држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ