недела, 21 септември 2025

Мицкоски не верува дека европратениците ќе го поддржат бришењето на македонскиот јазик и идентитет во извештајот на ЕП

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, „треба да биде дом на европските граѓани“.

Објавено на

часот

Сподели

„Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана, тоа го кажав. Особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, не сум шокирана, бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата ЕУ. Инаку, пријатно бев изненадена од извештајот на господинот Вајц, тој важи за почитуван пратеник кој ги познава добро балканските прилики, бидејќи истото ова што ни се случува нам, можеше и Австрија да го прави кон Словенија, бидејќи и во словенечкиот устав ги нема Австријците, Хрватите, Бошњаците, Ромите… Но природата на амандманите покажа дека навистина не само светот, туку и Европа и ЕУ имаат сериозен проблем со демократијата“, потенцира Сиљановска Давкова.

Претседателката го искоментира говорот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, според кој потребни се реформи внатре во ЕУ.

„Мислам дека неговата изјава не е случајна и дека има врска и со феноменот ‘вето’, и со опасноста од билатерализација на евроинтеграцијата во време кога проширувањето на ЕУ- во смисла на тоа дека ќе зборуваме еден ден за синоним или за еднаквост меѓу ЕУ и Европа, бидејќи ние географски, историски, културно сме биле отсекогаш дел од Европа и во време на опасност, мултилатерализмот да биде под притисок на мултиполаризацијата денеска во светот – важно е за да биде ЕУ, односно Европа компететивен играч на плуралната светска политичка сцена и да ги вклучи сите држави кои географски, историски и културно припаѓаат кон неа. Зошто? Бидјеќи денеска прашањето на евроинтеграцијата е прашање на стабилност и безбедност“, рече претседателката.

Таа посочи дека е изненадена од одговорот на бугарската влада на забелешките во поглед на состојбите во Бугарија врзани за малцинствата.

„Еве што адресирала до Советот на Европа. Вели дека во резимето од пописот 2021 година, 1.143 лица се самоидентификувале како етнички Македонци, 3.540 изјавиле дека мајчин јазик им е македонскиот, а 1.091 лице, пријавило дека дома зборува македонски јазик. И еве што пишува Владата – вели дека ‘овозможува доброволен процес на самоидентификација’. Еве јас ги упатувам меѓународните субјекти да се вратат назад во пописите во Бугарија, бидејќи некои феноменални промени никогаш не се случуваат никаде. Па да го видат и пописот од ’56, и пописот од ’46, ама интересно е што пишува во дописот на Владата. Значи дека овие лица кои се претставуваат како Македонци, се мала група, и не ги исполнуваат објективните критериуми за статус на национално малцинство. Може да заклучиме нешто? За која категорија ние треба да го смениме Уставот? За колкав број? Еве јас прашувам“, посочи претседателката Сиљановска Давкова.

 

Премиерот Христијан Мицкоски жали што во 21 век на талибански начин од Извештајот за напредокот на земјава во ЕП се сака да се извадат македонскиот идентитет и јазик, кои како што нагласи, првпат се споменуваат во изминатите 35 години, но вели, добро е што граѓаните конечно можат да ги видат резултатите од политиките на претходната влада.

„Авантурата од 2022 година, пред сè инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како што се Ковачевски и Маричиќ, ете ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор“, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на санираниот мост во Башино Село, Велес.

Додаде дека амандманот за бришење на македонски јазик и македонски идентитет нема да го поддржат голем број пратеници од ЕП, исто како и известувачите во сенка.

„Голем број пратеници кои се членови на Европскиот парламент се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за тој амандман, кој ќе го поднесе некој, којшто има за цел на талибански начин да се избрише од извештајот што е на маса и за првпат од осмостојувањето на нашата земја, опфаќа македонски идентитет и македонски јазик, кои досега никогаш во изманинатите 35 години не се појавиле во некој извештај. Исто така, и оние кои се известувачи во сенка, не верувам дека ќе го поддржат тој амандман“, рече Мицкоски во одговор на прашање за очекувањата од утрешното гласање по извештајот.

Тој изрази жалење што во 21 век во Европа има такви европратеници кои го оспоруваат идентитетот на еден малуброен народ во Европа и неговиот мајчин јазик и прават да стане предмет и камен на сопнување во Европскиот парламент, кој треба да биде лулка на демократијата во која се почитуваат човековите права.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ