Мицкоски ќе биде придружуван од министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во рамки на конференцијата, планирани се повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни организации.
Од Владата информираат дека теми на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот и улогата на Македонија како фактор на стабилност на Западен Балкан и активен партнер во НАТО. Премиерот, како што стои во соопштението, ќе ја реафирмира позицијата на државата за потребата од предвидлив и фер процес на пристапување во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
На маргините на конференцијата, предвидени се и средби со претставници на Европската Унија, како и со шефови на држави и влади.






