„Луѓето коишто распродадоа сѐ што можеше да се распродаде во минатото, а што претставува идентитетска одредница, почнувајќи од знамето, завршувајќи со името, јас мислам дека апсолутно немаат кредибилитет да судат и да пресудуваат. А што направи оваа Влада? Се обиде да врати дел од загубеното и делумно успеавме, затоа што ќе остане запишано и ќе има институционална меморија – европскиот извештај којшто беше изгласан на АФЕТ, Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент и истиот со тој текст, вчера се најде пред европратениците.
Да потсетам дека обидот беше, целосно преименување на македонскиот идентитет и јазик од страна на некои европратеници коишто со своето неодговорно однесување се обидоа да го додефинираат како ‘модерен’. Тоа не успеа, бидејќи мнозинството европратеници ја прочитаа намерата и тоа не успеа. Но, за жал успеа она бришење од самиот извештај на македонскиот идентитет и јазик, она што веќе беше усвоено на АФЕТ, Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент“, одговори Мицкоски.
Според премиерот уште поважно е што Европа, светот и македонските граѓани видоа дека условот во преговарачката рамка за внесување на бугарското малцинско во македонскиот устав претставува „дозвола“ за негирање на македонскиот идентитет.
„И она што е уште поважно, е што Европа, светот и македонските граѓани видоа дека договорот постигнат во 2022, или прифаќањето на тогашниот предлог во суштина не претставува само лесна промена, интервенција во преамбулата и внесување на дел од бугарското малцинство во истиот. Туку проблемот е многу подлабок, многу посуштински, а тоа е негирање на идентитет, на јазик, на еден од најмалубројните народи во Европа од страна на неговиот, во случајов, источен сосед или соседна Бугарија. Тоа е за мене е чин без преседан, е сѐ, само не европска вредност и јас навистина не можам да прифатам како европратеници коишто вчера гласаа за бришење од извештајот на македонскиот идентитет и јазик, мирно ќе спијат, а им благодарам на сите оние сто дваесет и нешто коишто гласаа против и на оние нешто повеќе од стотина коишто се воздржаа од какво било гласање.“