„За разлика од нас, сите овие фронтранери во регионов, нели имаме фронтранери во европските интеграции или се во мониторинг или се во пост мониторинг. Пред само три-четири месеци, земја членка на ЕУ, како Бугарија, излезе од овој пост мониторинг, сега и ние излегуваме. Тоа е само признание за нивото на демократија во државата.
Ќе ве потсетам, дел од вас бевте присутни пред неколку дена, кога ми беше поставено прашање, дали Владата влијае на слободата на говорот. Еве еден најголем демант, ова е најголемиот демант за квалитетот на демократијата во Македонија и слободата на говорот, владеењето на правото и сите процеси коишто ги мониторира Советот на Европа.
Јас сум благодарен на тимската работа, на сето она коешто го направивме. Тоа е уште една добра вест, покрај онаа со којашто Европската Унија го препозна проблемот со, камионџиите, со товарниот и патничкиот сообраќај. Но, во периодот што следи ќе има уште многу добри вести. Така што сите оние невистини, лаги од страна на опозицијата коишто беа кажувани изминатиов период и злоупотребувани, полека се распрснуваат како меур од сапуница. Но, и на оние нивни перјаници во медиумите кои ги засилуваат лагите на опозицијата, мислејќи дека на тој начин ќе ми наштетат мене и на Владата. Еве нема поголем демант од овој што дојде директно од Стразбур, од Советот на Европа – Македонија како држава е зрело демократско општество, владее правото, нема замолкнување на слободна новинарска мисла, се почитува слободата на говорот и дека таа држава е зрела, понатаму да ја гледаме како навистина зрела демократија, за разлика од другите земји од Западен Балкан. Сите се или во пост мониторинг или во мониторинг, вклучително тука зборам и за фронтранерите Црна Гора, Албанија…“, изјави Мицкоски.
Мицкоски: Големо признание од Советот на Европа за нивото на демократија во Македонија
Ова е историски момент, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста. Односно, Македонија веќе не е опфатена со пост мониторинг од страна на Советот на Европа, изјави денеска претседателот на Владата на Македонија по вчерашната одлука за завршување мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа.

Објавено на
часот





