недела, 14 декември 2025

Мицкоски: Армијата ја продолжува илинденската и асномската идеја

Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со срце, со жртва и со визија, напиша премиерот на својата Фексбук страница. Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Денот на Армијата – 18 Август, порача дека нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски нагласува дека Армијата денес е симбол на новото време и оти денес ние инвестираме во опрема, во инфраструктура, во услови за достоинствен живот и работа на војникот.

„Оваа Армија денес стои рамо до рамо со сојузниците во светот, но и цврсто на својата земја, секогаш кога граѓаните се во неволја. Вие сте први на линијата на одбрана, но и први кои покажуваат што значи служење на народот. Армијата е срцето на државата. Ако тоа срце чука силно, тогаш и државата е здрава и сигурна. Нашата Армија чука силно, затоа и Македонија ќе оди напред. Да живее Армијата“, напиша  Мицкоски во објавата на Фејсбук.

Тој денеска присуствуваше на централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната во Штип, каде свои обраќањаа имаа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ