недела, 14 декември 2025

Мицевски: СДСМ и ДУИ се во очаен и последен обид да го спасат Коцевски, за да го заштитат својот криминал

Што значи пораката којашто СДСМ денес ја упати кон јавниот обвинител Коцевски: „Од тебе зависи дали ќе бидеш со штитот или на него“? Денес, пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, јавно му порача на јавниот обвинител Коцевски дека „од него зависи дали ќе биде со штитот или на него“!, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук- објавата на коориднаторот на нивната пратеничка група Никола Мицевски.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова не е обична и наивна политичка изјава, ова е опасна и директна порака до Коцевски да остане таму каде што е и да продолжи да ја брани позицијата на СДСМ и ДУИ, наместо да преземе одговорност и да постапува професионално и независно.

Ова е порака со којашто СДСМ му става на знаење на Љупчо Коцевски дека не смее да помисли да се повлече, не смее да излезе од улогата на ‘заштитник’ и дека мора да продолжи да ги штити нивните криминали со непостапување, молчење и блокирање на секоја правна акција што би ја погодила нивната мрежа.

Љупчо Коцевски, со оваа политичка „поддршка“ која што ја добива од двоецот СДСМ-ДУИ, се става во позиција да биде симбол на одбраната на криминалните структури и коруптивните шеми кои ја уништија Македонија и ја урнисаа довербата на граѓаните во правосудниот систем“, вели Мицевски.

Од друга страна, според Мицевски се поставува прашањето дали оваа „лозинка“ на СДСМ е порака на поддршка или порака на закана кон Коцевски?

„Едно е јасно и кристално чисто. Денес маските паднаа, а граѓаните ја дознаа вистината! СДСМ и ДУИ се во очаен и последен обид да го спасат Коцевски, бидејќи само така можат да го заштитат својот криминал. СДСМ изминатиов период глумеше и манипулираше, но затоа денес НЕ ГЛАСАШЕ „ЗА” интерпелацијата на Коцевски. И токму тука лежи одговорот, зошто ниту еден функционер на СДСМ не е гонет од обвинителството со коешто раководи Коцевски, дури и по една година откако тие во се опозиција“ смета координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој порачува дека „веќе нема ‘како до сега’ “!

„Нема да дозволиме јавниот обвинител како институција да биде нечија алатка за спас од одговорност, ниту на СДСМ, ниту на ДУИ, ниту на кој било друг политички центар на моќ. Правдата и правичноста ќе победат, а криминалците ќе го добијат заслуженото!“, порачува Мицевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ