Како што информираат од МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават часови, во кои ЕСМ учествува со најголем процент од 38,8 отсто или со 214 гигават часови, а потоа следуваат независните производители со 192 , односно 34,9 отсто, виртуелни производители со 121 или 22 отсто, и повластените производители кои користат повластена тарифа на електрична енергија со 24 гигават часови, односно 4,3 отсто.
-Учеството на домашното производство на електрична енергија во однос на нето-потрошувачката изнесува 100 отсто, посочуваат од МЕМО.






