МЦМС: МВР со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата
Извештајот за процена на корупцијата во Македонија 2025 на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) покажува значајно зголемување на довербата на граѓаните во работата на МВР. Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година. Ова е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати, велат од МВР.

Објавено на
часот





