„На овој голем и многу значаен настан за сите Македонци ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва, фолклорни групи, со македонски ора, песни и обичаи. Тоа ќе биде единство, традиција и гордост на едно место“, додаде Темелко.
Фестивалот ќе се одржи на 27 јули (недела) на плоштадот „Гоце Делчев“, во центарот на Пустец, со почеток од 18 часот.
Според Темелко, најавено е дека на настанот ќе присуствува македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
„Како што ни ветија од локалната власт на Пустец во иднина оваа манифестација ќе стане традиционална и ќе се одржува секоја година со нивна поддршка. Ги покануваме сите да бидат дел од оваа историска вечер. Да покажеме дека македонскиот дух живее и се слави“, порача Темелко.






